Вести
2026-05-13
MUK Групцијата како водечки Value Added Cloud дистрибутер на Amazon Web Services (AWS) во Централна Азија, Кавказ и Источна Европа го објави проширувањето на своето enterprise AI портфолио со Claude моделот развиен од Anthropic и достапен преку Amazon Bedrock, по потпишувањето на договор за овластен дистрибутер со Anthropic.
MUK Групцијата како водечки Value Added Cloud дистрибутер на Amazon Web Services (AWS) во Централна Азија, Кавказ и Источна Европа го објави проширувањето на своето enterprise AI портфолио со Claude моделот развиен од Anthropic и достапен преку Amazon Bedrock, по потпишувањето на договор за овластен дистрибутер со Anthropic.
Оваа соработка им овозможува на организациите низ Централна Азија, Кавказ и Европа да имплементираат генеративни AI решенија кои се безбедни, скалабилни и усогласени со корпоративните и регулаторните барања. Claude моделот развиен од Anthropic комбинира напредно логичко размислување, повеќејазична интеракција и обработка на документи со долг контекст, заедно со целосно менаџирана инфраструктура, управување и унифицирано фактурирање на AWS.
Со користење на Claude во Amazon Bedrock, МУК помага на клиентите да преминат од експериментирање кон реални деловни резултати. Amazon Bedrock им овозможува на клиентите да го имплементираат Claude во сопствените AWS околини, задржувајќи целосна контрола врз податоците, безбедноста и пристапот. МУК дополнително ја зајакнува понудата преку експертиза на регионалните пазари, флексибилни комерцијални модели и поддршка преку својата широка мрежа на AWS Solution Partners.
Со ова решение, организациите можат да имплементираат AI базирани knowledge асистенти кои обработуваат обемна интерна документација и овозможуваат интелигентно пребарување, сумирање и одговарање на прашања, значително подобрувајќи ја продуктивноста и пристапот до информации.
За операции насочени кон корисници, Claude во Amazon Bedrock поддржува автоматизација на корисничка поддршка преку природна, повеќејазична AI комуникација и помага на организациите да го подобрат квалитетот на услугите, времето на одговор и поддршката на различни регионални пазари.
Развојните тимови добиваат можност за забрзување на софтверското инженерство преку AI-генериран код, ревизија и техничка анализа, со што се зголемува продуктивноста додека се задржуваат високите стандарди за безбедност и управување.
Во регулирани индустрии, како правниот, финансискиот и аналитичкиот сектор, решението овозможува AI-driven работни процеси кои бараат обработка на голем контекст, висока прецизност и строга усогласеност, сето тоа во рамки на AWS околината на клиентот.
Клиентите добиваат корпоративно ниво на безбедност, управување и усогласеност, целосна контрола врз податоците, идентитетот и пристапот. Решението овозможува лесно скалирање преку pay-as-you-go модел, усогласувајќи ги трошоците со реалната употреба. Со имплементација и локална поддршка од партнерите, организациите побрзо постигнуваат деловна вредност и значително го намалуваат ризикот при премин од AI пилот-проекти кон продукциска употреба.
Со овој договор, МУК дополнително ја зацврстува својата посветеност кон одговорна и подготвена имплементација на AI решенија низ Централна Азија, Кавказ и Европа, овозможувајќи на организациите сигурно и доверливо користење на Claude во Amazon Bedrock.
За повеќе информации: int_sales@muk.cloud